Дербито на Ливерпул ќе донесе голеада

1008 Евертон – Ливерпул (Премиер лига Англија, 21:15 часот)

Градското дерби во Ливерпул отсекогаш носело големи возбудувања и погодоци.

Иако јасно е дека фаворитската улога е на страната на гостинот, во вакви натпревари никогаш ништо не се знае.

Евертон навистина игра лошо во последно време и нема да чуди ако вечерва загуби, Рафа Бенитес да добие отказ.

Интересно е што кога играат на „Гудисон парк“, погодоците во последно време изостануваат, а на последните пет средби дури трипати одиграле 0:0, нешто што се надеваме дека вечерва нема да се повтори.

Предлог тип: 4+ (2.40)

 

1301 Реал Мадрид – Атлетик Билбао (Ла Лига Шпанија, 21:00 часот)

Реал игра одлично сезонава и предводен од двоецот Винисиус – Бензема, редовно си запишува победи.

Кралскиот клуб во моментов со 33 бода е на првото место и има четири повеќе од останатите екипи.

Сепак, момците на Карло Анчелоти не планираат да застанат тука, а вечерва им гостува добро познат противник.

Атлетик е незгоден опонент, но тоа важи само за средбите коишто ги игра на домашен терен.

Предлог тип: 1&3+ (2.17)

 

3007 Џенова – Милан (Серија А Италија, 20:45 часот)

Се чини дека со доаѓањето на Андриј Шевченко, Џенова успеа да се стабилизира и полека, но сигурно да мрдне од мртва точка, но сè уште е рано да се потврди оваа констатација.

Од друга страна, пак, Милан не знае за победа во последните два натпревари во Серија А, а изминатиов викенд против Сасуоло беа непријатно изненадени пред своите навивачи.

Отсуството на неколку играчи во одбраната кај гостите и тоа како ќе има влијание, а тоа ќе се обидат да го искористат Горан Пандев и неговите соиграчи.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.17)

 

1709 ПСЖ – Ница (Лига 1 Франција, 21:00 часот)

По освојувањето на новата Златна топка, Лео Меси и неговиот тим ќе имаат домашна задача против Ница, која исто така игра одличен фудбал со многу голови.

Нема дилеми кој е фаворит на оваа средба, но Ница нема да дојде со бело знаме во Париз, туку напротив.

Во моментов имаат 26 бода, односно два помалку од второпласираниот Рен, додека Парижаните се неприкосновени на врвот со 40 бодови, па затоа на оваа средба ќе истрчаат без резултатски притисок, што значи дека ќе видиме голови во изобилие.

Предлог тип: 4+ (2.21)

 

1006 Вулверхемптон – Барнли (Премиер лига Англија, 20:30 часот)

Двете екипи се во сосема спротивни форми.

Вулверхемптон навистина игра одлично и во моментов е на шестото место со 20 бодови, додека Барнли е во зоната за испаѓање само со девет бода.

И во двете екипи нема да играат неколку првотимци, но се чини дека отсуството на Тарковски, Барнс и Вествуд ќе биде премногу за гостите да го задржат налетот на Волците, кои оваа сезона играат над сите очекувања.

Предлог тип: 1 (1.92)

- Оглас -

Најнови вести