Партизан и Црвена ѕвезда денеска ќе го одиграат 165 вечно белградско дерби и тоа во рамките од последниот меч на деветото коло во Суперлигата. Двата тима имаат одиграно по седум средби сезонава и очекувано веќе се одвоија во однос на останатите ривали.
Црно-белите се со перфектен старт од седум победи во кои дадоа дури 25 гола, а примија само два. Ѕвезда кикисраше на стартот кога одигра 0:0 против Војводина, а од тој меч нареди шест победи, со вкупна гол разлика од 13 дадени и само три примени голови.
Факт е дека двете екипи ги имаат најдобрите напади во лигата, но и најцврстите одбрани, па кога се работи за меѓусебните средби, ретко кога може да очекуваме повеќе од два гола. Тоа го покажува и статистиката на меѓусебните средби. На дури 12 од последните 14 дерби дуели, немало повеќе од два гола. Само во два случаи едвај е надмината границата од два погодоци и било 2:1.
Последни 14 средби меѓу Партизан и Црвена ѕвезда
Црвена ѕ. – Партизан 0:0
Црвена ѕ. – Партизан 1:0
Партизан – Црвена ѕ. 1:1
Партизан – Црвена ѕ. 1:0
Црвена ѕ. – Партизан 0:0
Партизан – Црвена ѕ. 2:0
Црвена ѕ. – Партизан 0:1
Црвена ѕ. – Партизан 2:1
Црвена ѕ. – Партизан 1:1
Партизан – Црвена ѕ. 1:1
Црвена ѕ. – Партизан 2:1
Партизан – Црвена ѕ. 1:1
Црвена ѕ. – Партизан 0:0
Партизан – Црвена ѕ. 1:0