Дербито за Шкупи, Тиквеш загуби меч на кој водеше со два разлика, ни Брегалница не победи после 2-0

Шкупи со голот на Трапановски, освои три бода за победата од 1-0 во дербито со Шкендија, па чаирчани сега се осамени на врвот на табелата.

Поразот на Шкендија го искористи Струга за да се искачи на втора позиција. Стружани во Кавадарци губеа со 0-2, но направија пресврт и победија, па останаа единствен тим кој нема нерешен резултат сезонава. Водство од 2-0 испушти и Брегалница против Воска спорт.

Резултати: Брегалница – Воска спорт 2-2, Работнички – Брера Струмица 1-0, Шкупи – Шкендија 1-0, Силекс – Гостивар 1-1, Тиквеш – Струга Трим Љум 2-3.

Шкупи е прв на табелата со 35 бодови, сега Струга е втора со 33, а Шкендија е трета со 32. Во долниот дел, Вардар е последен со 14 бода, а пред него се Брегалница и Воска со по 17 и Македонија Ѓорче Петров со 18.

- Оглас -

Најнови вести