Десаи: Мбапе не би се снашол во Манчестер сити, таму има дисциплина и тимска игра

Легендата на францускиот фудбал, Марсел Десаи, кој со репрезентацијата освои и Светско и Европско првенство, верува дека на неговиот сонародник, Килијан Мбапе, не би му легнало играње во моќниот Манчестер сити.

„Јас не се согласувам дека Мбапе добро би се снашол во овој тим на Манчестер сити. Мислам дека не треба да оди таму. Во Сити има преголема дисциплина. Покрај тоа, играат со многу пасови и тоа не е добро за играчи кои сакаат да ги претрчуваат чуварите. Бернардо Силва и Грилиш може да играат како 10-ки, но ги уништува филозофијата на Гвардиола, кој од нив бара да играат како крила, да ја примат топката, да ја користат брзината и да додаваат. Тоа не е игра за Мбапе, тој сака да ја прима топката. Мбапе е врвен фудбалер, но не е играч за овој Сити“, вели Десаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести