Атлетико Мадрид ја елиминира Барселона во Кралскиот куп на Шпанија, а по натпреварот најкоментираната работа беше како Антоан Гризман го прослави драматичниот пласман во финалето.
Фудбалерот кој Барса во 2019 година го купи за 120 милиони евра објави фотографија на социјалните мрежи на која слави додека играчите на Барселона лежат на трева скршени од разочарување. Сликата ја придружи со статус: „Дали оваа фотографија е премногу?“ и емотикони кои јасно покажуваат дека ужива, па дури и се потсмева на тагата на противникот.

Статусот на Гризман ги налути многу фанови на Барселона, кои истакнуваат дека ваквото однесување е грдо кон клубот кој му платил премногу.
Но, ова беше само реванш, тој им врати на Каталонците со иста мера. Пред една година, кога Барселона играше против Атлетико на гостински терен во дербито на Ла Лига, домашниот тим поведе со 2-0, но гостинскиот тим го сврти натпреварот и победи со 4-2. Тогаш Барса објави фотографија на социјалните мрежи на која нивните играчи слават во заднина, а тажниот Гризман е во преден план. Насловот гласеше: „Оваа фотографија е премногу“.

Радоста на Гризи само дополнително го разгоре ривалството, за еден месец овие два тима ќе се сретнат во дербито на шампионатот, а ако Атлетико го победи Тотенхем, а Барселона го елиминира Њукасл, тие ќе играат меѓу себе и во четвртфиналето на Лигата на шампионите за 33 дена.

