Поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски вечерва постигна гол за АЕК Ларнака против Анортозис во дерби-меч од кипарската лига и сега популарниот Тричко дојде до јубилејна бројка од 10 гола сезонава.
Со ова реми од 1-1, АЕК испушти шанса да се искачи на првото место на табелата и има два бода помалку од Аполон. Тимот на Тричковски во моментов води жестока битка со Аполон и Арис за првата позиција пред почетокот на плејофот во кој играат шесте најдобри, а меѓу нив ќе биде и Анортозис.