Дешамп: Денешниот меч многу ќе ни помогне за оној следниот за четири дена

Францускиот селектор Дидие Дешамп смета дека неговата одлука против Тунис да извади резервен тим е паметна и дека ќе им биде од корист за нокаут-фазата.

Галските петли станаа прв тим во историјата на Мундијалите за којшто настапиле дури 24 различни поединци.

„Имавме одредени тешкотии поради изборот што го направив пред натпреварот. Овие одлуки ќе ни помогнат на следниот меч за четири дена. Некои играчи коишто играа на првите два интензивни меча, беа под ризик дека може да се повредат. Сакавме и резервите да имаат настап на Светско првенство, ја постигнавме целта. Нокаут-фазата е сосема различна, сега за нас стартува поинакво натпреварување“, рече Дешамп, чиј тим го чека својот ривал за осминафиналето, а тоа може да биде Полска, Аргентина, Саудиска Арабија или Мексико.

- Оглас -

Најнови вести