Дешамп селектираше за новиот циклус квалификации: Нема место за Лапорт, Лаказет, Фекир…

Селекторот на светкиот шампион Франција, Дидие Дешамп, ги одреди 24-цата репрезентативци за претстојниот квалификациски циклус за ЕП 2020, во кој ќе се соочат со Андора и Турција.

Во тимот нема место за неколку врни фудбалери, како Ајмерик Лапорт, дефанзивецот на Манчестер сити, кој е клучен во составот на Гвардиола, ниту за Александр Лаказет, голгетерот на Арсенал кој имаше добра сезона зад себе. Нема место ниту за Набил Фекир, капитенот на Лион, како и стоперот на ПСЖ Преснел Кимпембе, а од селекцијата отсустувува и фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле, но тој не е физички подготвен.

Ново лице во репрезентацијата е Клемент Ленгле, дефанзивецот на шпанскиот првак Барселона, кој се воспостави како првотимец кај Валверде во вториот дел од изминатава сезона. Исто така пријатно изненадување е Курт Зума, но тој играше и во претходниот квалификациски циклус.

Квалификациските дуели против Турција, односно Андора се закажани на 8 и 11 јуни, додека на 2 јуни во пријателска средба ќе играат против Боливија.

Состав на Франција:

Голмани: Љорис, Ареола, Маигнан, Лекомт.

Одбрана: Варан, Умтити, Зума, Ленгле, Дињ, Павар, Менди, Дубуа.

Среден ред: Канте, Погба, Матуиди, Сисоко, Ндомбеле.

Напад: Гриезман, Жиру, Мбапе, Лемар, Коман, Тован, Бен Једер.

- Оглас -

Најнови вести