Десната рака на сопственикот на Ватфорд фрли „бомба“: Премиер лигата нема да се доигра!

Директорот на италијанскиот Удинезе, Пјерпаоло Марино, даде изјава која предизвика големо внимание во Европа. Тој најавува дека Премиер лигата во Англија ќе биде прекината поради сериозната ситуација со Коронавирусот. Марино е во постојан контакт со семејството Поцо, кое поседува најголем дел од акциите во клубовите Удинезе и Ватфорд.

„Во Белгија веќе ја откажаа сезоната и покрај заканите од УЕФА, а наскоро и англиската Премиер лига ќе излезе со слично соопштение бидејќи ситуацијата е многу сериозна. Се надевам дека по Коронавирусот ќе можеме да уживаме во фудбалот. Колку и да сме без фудбал, нема врска, важно е да се вратиме во нормала. Загрижен сум и за следната сезона, не само за оваа“, рече Марино.

Белгија прогласи првак и крај на сезоната, но откако УЕФА им кажа дека нивните тимови нема да може да играат во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, ќе ја преиспитаат одлуката. И англиските клубови сакаат сезоната да се доигра и со тоа да се ублажат загубите, па затоа изјавата на Марино треба да се земе со резерва.

Ватфорд е во опасната зона, затоа и треба да чуди што семејството Поцо се залага за поништување на сезоната. Ватфорд на тој начин би останал во елитното друштво и не би испаднал.

- Оглас -

Најнови вести