Десната страна на Шпанија ќе ја држат најмладиот и најстариот во историјата на полуфиналињата

Светскиот шампион од 2010 година, Хесус Навас, се најде во стартниот состав на шпанската репрезентација за натпреварот против Франција од полуфиналето на ЕП 2024 и влегува во историјата како најстар фудбалер кој играл полуфинале на Европско првенство.

Навас во ноември наполни 38 години, а претходниот рекордер беше германскиот голман Јенс Леман, кого Навас го победи за три дена.

Во шпанската селекција има уште еден рекордер, Ламин Јамал. Крилото за четири дена ќе наполни 17 години и стана првиот 16-годишник што заиграл во полуфинале на едно Европско или Светско првенство.

Интересно е дека Навас и Јамал ќе играат на истата десна страна, а Навас е постар од таткото на Јамал и тоа ќе биде микс од младост и искуство.

- Оглас -

Најнови вести