Детелината со четири листа нема да му помогне на Селтик против Милан

6025 Милан – Селтик (18.55 часот)

Милан мора да победи ако сака да се позиционира во групата на вистинско место пред последното коло. Росонерите во Глазгов на 22 октомври го победија Селтик со 3-1, па сега се фаворити пред дуелот на „Сан Сиро“. Шанса за Шкотите е неиграњето на Ибрахимовиќ, но и Селтик не е комплетен, ќе го нема Грифитс. Селтик нема дадено гол на последните три гостувања кај Милан, тешко дека ќе останат непоразени против лидерот на Серија А.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.02)

 

6023 Феенорд – Динамо Загреб (18.55 часот)

Хрватскиот првак нема примено гол во првите четири кола во ЛЕ, прв е на табелата и му се смешка европска пролет. Во Загреб, овие два тима одиграа 0-0. Феенорд игра променливо, често ремизира. Веруваме дека и оној ограничен број на публика на трибините ќе биде доволна мотивација за домашните да останат непоразени. Во тимот на Адеми ќе фали само Гаврановиќ, додека ротердамци нема да сметаат на десетина поединци.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.91)

 

6028 ЛАСК – Тотенхем (18.55 часот)

Тотенхем дома лесно го победи ЛАСК со 3-0, но и по четири кола предноста на лондонскиот тим пред австрискиот е три бода. За ЛАСК ова е шанса да фати приклучок, но задачата нема да им биде воопшто лесна. ЛАСК во четирите кола прими 8 гола, додека ефикасниот Тотенхем даде 10 погодоци, но вечерва нема да игра Кејн. Тимот на менаџерот Мурињо има серија од четири меча без примен гол во сите натпреварувања. Со пораз, ЛАСК речиси ги губи шансите за пласман во следната фаза.

Предлог тип: Т2 2+ (1.63)

 

6040 Ница – Баер Леверкузен (21.00 часот)

Ова е последна шанса за Французите да фатат приклучок кон првите две места, но мора да победат тим од кој пред еден и пол месец загубија со 2-6. Германците се најефикасен тим во Лигата на Европа со 14 гола во четири кола. Двата тима се некомплетни, но тоа е поголем проблем за Ница. Ница е тим кој на последните четири меча даваше гол, а губеше, што покажува слаба одбрана и тоа е проблем во дуел со силен напад како тој на Баер. Сепак, Аспирините викендов одиграа 0-0 со Херта, некогаш знае и да не им тргне.

Предлог тип: 2 (1.58)

 

6037 Клуж – ЦСКА Софија (21.00 часот)

Соседското дерби би требало да им припадне на Романците. Трите бода им се императив, само со победа ќе ја продолжат трката со Јанг бојс за второто место во групата во која прва е Рома и Италијанците имаат обезбедено пласман во нокаут-фазата. Клуж победи 2-0 во Софија и тоа треба да го потврдат и дома. „Червените“ уште немаат дадено гол во четирите меча, но и Клуж не е многу ефикасен, дадоа само три, од кои два против ЦСКА во првото коло.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Милан – Селтик Т1 1+I & 1+ II (1.90)

Црвена ѕвезда – Хофенхајм Т1 1-2 пол. (2.25)

АЗ Алкмар – Наполи Х2 & ГГ (2.20)

 

 

- Оглас -

Најнови вести