20.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Детето што „донесе“ победа на Тотенхем во ЛШ, беше на ручек со Мурињо и играчите

Калум Хенес е 15-годишното момче кое стана познато благодарение на потегот што го направи на дуелот против Олимпијакос во мечот од Лигата на шампиони. Тинејџерот беше задолжен за собирање и враќање на топките на играчите покрај аут линијата.

Во една ситуација кога Тотенхем губеше со 1:2, Калум прифати една топка која излезе во аут и веднаш му ја додаде на играчот на домаќините, а тоа беше почеток на контранападот по кој лондонскиот тим даде гол за 2:2. Потоа на Тотенхем му беше многу полесно да даде уште два гола за победа од 4:2.

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо веднаш му честиташе на момчето за интелегентната реакција, а денеска го покани да биде дел од тимскиот ручек пред дуелот со Борнмут и да се запознае со ѕвездите на тимот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести