Мурињо: По мечот сакав да прославам со детето што ја додаде топката, но него го немаше

Тотенхем губеше со 2:0, но на крајот го победи Олимпијакос со 4:2, во меч по кој лондонскиот тим прослави влез во осминафиналето од Лигата на шампиони. Ова беше прв натпревар за Тотенхем на свој терен со Жозе Мурињо на клупата.

Португалскиот стратег беше задоволен од тоа како неговите играчи одговориле на предизвикот да стигнат два гола негатива. Сепак, посебна благодарност Мурињо изрази до момчето кое брзо ја додаде топката по направениот аут и на тој начин всушност асистираше за вториот погодок на Тотенхем.

„Ги обожавам интелгентните момчиња кои се задолжени за враќање на топката. Јас бев такво момче кога имав 15-16 години. Детето кое ја додаде топката денеска беше брилијантно. Тој не стои таму само за да додава топка, туку едноставно ја прати и ја чита играта. Ја разбира играта и затоа така реагираше. Направи фантастична асистенција и му благодарам. По мечот сакав да дојде во соблекувалната и да прослави со тимот, но момчето си заминало“, рече Мурињо.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести