И ТОА Е МОЖНО: Детето што собира топки е творецот на пресвртот во победата на Тотенхем (Видео)

Тотенхем се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампиони откако со 4:2 славеше против Олимпијакос. Лондонскиот тим губеше со 2:0, но не се предаде и до крајот направи пресврт. Ова беше прв меч за Тотенхем на свој терен под водство на Жозе Мурињо.

Вистинската драма започна откако гостите од Атина постигнаа два гола во првоте 20 минути, а Деле Али пред крајот на првиот дел намали на 1:2.

Во 50-тата минута Хари Кејн погоди за 2:2, а интересно е што најзаслужен за овој погодок беше едно детенце кое стоеше покрај аут-линијата и ги собираше топките. Детето брзо реагираше и ја додаде топката, домаќините изведоа аут додека играчите на Олимпијакос не беа вратени во одбрана и Тотенхем даде гол.

Потоа беше многу полесно за Тотенхем бидејќи се ослободија од притисокот дека губат, па до крајот дадоа уште два гола.

Тренерот на Тотенхем, Мурињо, веднаш знаеше кој е најзаслужен за вториот погодок на неговиот тим, па замина да го поздрави детето кое брзо реагираше и ја додаде топката точно на време за да биде направена контрата на лондонскиот тим.

https://youtu.be/ytpa3jijWbc

https://streamable.com/i21xi

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести