Деца му се смееја на Јокиќ дека не може да ја забие топката (Видео)

Србинот Никола Јокиќ беше прогласен за најкорисен кошаркар во НБА-лигата за минатата сезона, но многу навивачи се шегуваат на негова сметка поради изгледот бидејќи тој атлетски не личи на останатите суперѕвезди. Јокиќ не е брз, ниту скоклив, нема големи мускули, а и ретко забива. Во минатата сезона Јокиќ имаше скромни 45 забивања.

Така, во разговор со една група на млади кошаркарчиња, популарниот Џокер доби задача да ја забие топката. Тој сакаше да биде забавен пред децата и им велеше дека не може да забие и ги прашуваше дали некогаш го виделе како забива. Децата беа упорни во барањето, па Јокиќ, сепак, „се обиде“. Но, наместо тоа, тој намерно ја заглави топката меѓу обрачот и таблата, па децата се смееја.

Погледнете:

 

https://twitter.com/i/status/1429165753106763777

- Оглас -

Најнови вести