Барселона вечерва ќе биде „драстично ослабена“ на гостувањето кај Севилја во полуфиналето на Купот на Шпанија бидејќи во составот ќе го нема данскиот голгетер Мартин Брајтвајт, кој за себе тврди дека е супернапаѓач.
Данецот покажа голема самодоверба и увереност во сопствените можности. Тој верува дека ќе успее во дресот на Каталонците иако засега не е толку успешен.
„Има многу голови во мене. Знам дека ќе бидам успешен. Имам верба во себе и во мојата судбина. Ќе продолжам да се трудам“, рече Брајтвајт, кој на 27 меча сезонава во сите натпреварувања даде скромни 6 гола.
Севкупно, на 38 настапи за Барса тој постигнал 7 гола и фановите не се задоволни од неговиот учинок.