Деветта титула за рекордерот во Африка- Ал Ахли го доби вечното дерби со Замалек (Видео)

Ал Ахли ја освои рекордната деветта титула во Лигата на шампионите во Африка со победа од 2:1 против вечниот ривал Замалек.

Финалето се играше на „Интернационалниот стадион“ во Каиро, а клучниот момент се случи во 86. минута кога со прекрасен гол Махди му донесе победа на Ал Ахли.

Претходно Солеја со гол во петтата минута му донесе предност на Ал Ахли, а со уште еден прекрасен гол во финалето израмни Шикабала во 31. минута.

https://twitter.com/aymanyezz/status/1332408942807441411?s=20

Многу причини за радост имаше и тренерот на Ал Ахли, Питсо Џон Мосимане, кој е само третиот тренер во историјата на африканската Лига на шампиони што го освоил пехарот со две различни екипи.

Ал Ахли сега има рекордни 9 титули во Лигата на шампионите, пред Замалек, кој остана на пет, колку што има и Мазембе од ДР Конго.

- Оглас -

Најнови вести