Кинсли Волански стана планетарно популарно откако на последното финалето во Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем, втрча на теренот. Таа успеа да стигне до половина од игралиштето, а играчите на двата тима се чудеа која е убавата девојка. Акцијата на Кинсли од финалето во ЛШ, може да ја видите ТУКА.
Кинсли е девојка на познатиот You Tube комичар Витали, кој има направено ист подвиг како атрактивната блондика, на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Ви изминативе месеци, Волански се стекна со огромна слава, посебно на социјалните мрежи, каде стекна голем број на фанови.
Дека знае да „нападне“ и на други спортови, а не само на фудбалот, покажа и на скијачкиот слалом во австрискиот Шладминг, кога речиси разголена се појави на снегот и на целната линија. Девојката втрча во целта непосредно пред целната линија да ја помине Алекс Винатзер од Италија.
Во време кога речиси сите спортови се во мирување поради пандемијата со Коронавирусот, Кинсли реши да направи диверзија во еден голф центар за рекреативци. Таа заедно со уште две нејзини пријателки, решија да направат „Скриена камера“ за рекреативците.
Дел од момците беа задоволни од „фората“ која им беше направена, но имаше и такви кои се налутија на убавите девојки.
View this post on Instagram