Дежурниот спасител во Холандија го наследи Јап Стам во Феенорд

Феенорд најде замена за Јап Стам, а дежурниот спасител на клубовите во криза, Дик Адвокат, е именуван за нов кормилар со договор што важи до крајот на оваа сезона.

Поранешнито тренер на АЗ Алкмар, ПСВ Ајндховен, Глазгов ренџерс и Зенит, како и екс-селектор на Холандија, Јужна Кореа, Белгија, Русија и Србија повторно ќе има тешка мисија, а ќе треба да го врати на патеките на успехот грогираниот холандски гигант.

Феенорд е во голема криза, се наоѓа на 12-тото место на табелата во домашното првенство, а навивачите им приредија жежок пречек по дебаклот против Ајакс и го нападнаа автобусот на клубот фрлајќи шишиња и факли.

Јап Стам одби да разговара со навивачите, кои им држеа лекција на играчите и си замина од клубот. Адвокат во минатото го гасеше оганот во АЗ Алкмар, а потоа го спаси и англискиот Сандерленд од испаѓање, па сега ќе има слична мисија и во Феенорд, клуб со богата традиција и 15 шампионски титули во Холандија.

- Оглас -

Најнови вести