Џа Морант е голема ѕвезда во НБА, но со проблематичен карактер, претепал младо момче на баскет и во ноќен клуб излегол со пиштол

Кошаркарот на Мемфис гризлис, Џа Морант, е една од најголемите ѕвезди во НБА-лигата, но има проблематичен карактер кој му прави големи проблеми надвор од терените.

Имено, тој е обвинет дека минатото лето претепал 17-годишно момче додека играле баскет, а потоа му се заканувал со пиштол.

Морант на овие обвинувања одговори така што добрите потези на натпреварот против Хјустон рокетс, ги прославуваше имитирајќи пиштол со прстите.

Потоа отиде чекор подалеку и на својот профил на Инстаграм објави фотографија како држи пиштол во ноќен клуб. Тој сними кратко видео кое го објави на Инстаграм и на кое беше без маичка, а во еден момент го покажа и пиштолот.

Челниците на НБА лигата најавија дека ќе го истражат случајот, а Морант веќе се најде на удар на доста поранешни НБА-ѕвезди кои го критикуваа неговото однесување.

 

- Оглас -

Најнови вести