Џабе е ВАР, каде ли видоа офсајд судиите?

Скандалозна и многу погрешна одлука донесе судијата кој беше во ВАР собата на натпреварот помеѓу Шангај СИПГ и Шиџијаџуанг од кинеската суперлига. Австриецот Марко Арнаутовиќ во 28-ма минута при 0-0 даде сосема регуларен гол, а откако се прегледуваше снимка со ВАР технологијата, голот беше поништен поради наводен офсајд.

Офсајд немаше ни случајно, но судиите го видоа и одлучија да го поништат голот. Средбата заврши 1-1. Ова е моментот кога топката тргна кон Арнаутовиќ, и се гледа дека тој е барем еден метар зад последниот човек во одбраната на тимот во сини дресови.

- Оглас -

Најнови вести