Џабе мајсторијата на Иличиќ, шокантен пораз на Аталанта кој изненади многумина

СПАЛ како гостин ја изненади Аталанта со 2-1, и тоа со пресврт во Бергамо откако домашните водеа со мајсторскиот погодок со пета на Јосип Иличиќ. Петања и Валоти со голови во 54-тата, односно 60-тата минута беа творци на пресвртот на гостите од Ферара.

Со овие неочекувано освоени три бода, СПАЛ веќе не е последен на табелата, па сега „фенерот“ е кај Џенова на Горан Пандев. Џенова има еден бод помалку од Бреша и СПАЛ, кои исто така би испаднале ако сезоната заврши денеска. Аталанта е петта и испушти шанса да се искачи на четвртото место на кое е Рома со три бода повеќе.

Словенецот Иличиќ му се придружи на Чиро Имобиле од Лацио како единствени кои три сезони по ред во Серија А имаат двоцифрен број на голови, но тоа е мала утеха.

- Оглас -

Најнови вести