Џака: Би избришал две ситуации од мојата кариера, едната е онаа од СП против Србија

Еден од најдобрите швајцарски фудбалери, Гранит Џака, пред четири години на мечот со Србија од Мундијалот во Русија, голот за победа во 90-тата минута го прослави со покажување со рацете на двоглав орел, симболот на Албанците, а сега се кае за тоа.

Џака, чии родители се од Косово, роден е во Базел, Швајцарија, а и сега на СП во Катар има дуел против Србија, кој може да биде пресуден околу патникот во осминафиналето.

„Секогаш сум им давал на новинарите добар материјал за добри приказни. На средбата со Србија сè беше добро, освен тој орел. Не требаше да го направам тоа. Во кариерата има две работи кои не би ги повторил. Едниот е од мечот Арсенал – Кристал палас, кога им одговорив непристојно на противничките навивачи кои ме навредуваа, а вториот момент е тој со Србија, кога го направив тоа што го направив“, вели плејмејкерот на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести