Гранит Џака коси кај ќе стигне, урна црн рекорд во Англија (Видео)

Гранит Џака го остави Арсенал на цедило во 24-тата минута на првиот полуфинален меч во Карабао купот против Ливерпул, беше исклучен и урна црн рекорд во Англија.

Џака во 24-тата минута со груб старт и удар в гради го фаулираше Диого Жота и веднаш беше исклучен.

Од сезоната 2016/17, кога дебитираше за Арсенал, ниту еден премиерлигашки фудбалер не добил повеќе црвени картони од Гранит Џака, а ова му беше петтото исклучување во сите англиски натпреварувања.

Ливерпул и Арсенал вечерва го почнаа полуфиналниот двомеч во Карабао купот, а победникот ќе игра за пехар против Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести