24.8 C
Skopje
петок, 29 август 2025

Џака се враќа во Бундеслигата, ќе игра за екипата на Чаби Алонсо

Репрезентативецот на Швајцарија, Гранит Џака, својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Баер Леверкузен. Трансферот е веќе договорен помеѓу Арсенал и Фармацевтите од Леверкузен и останува само официјална реализација.

Фудбалерот со потекло од Косово беше голема желба на Чаби Алонсо, тренерот на Баер, а раководството на клубот таа желба и ќе му ја исполни.

Гранит Џака по седум години се враќа во Бундеслигата бидејќи во 2016 направи трансфер од Борусија Менхенгладбах во Арсенал за 45 милиони евра.

Моменталната вредност на 31-годишниот фудбалер е 20 милиони евра, а дресот на Арсенал го носеше на 297 натпревари, на кои запиша 23 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести