Џака со потег кој го сруши Роналдо, а повторно се врати репутацијата на „Кока-Кола“

Швајцарија го направи најголемото изненадување на Европското првенство откако успеа да го елиминира актуелниот светски првак Франција. Швајцарците одиграа херојски меч и иако губеа со 1:3, успеаја да стигнат до 3:3 и да се изборат за продолженија, а потоа и за пенали.

Во пенал-рулетот, Килијан Мбапе беше трагичарот и единствен кој промаши во петте серии, па Швајцарија се радуваше на пласман во четвртфиналето. За време на пенал-драмата, во центарот на вниманието се најде Гранит Џака, кој реши во клучните моменти да се освежи со Кока-Кола.

Пијалокот кој Кристијано Роналдо го тргна кога беше на прес -конференцијата и порача дека треба да се пие вода, сега се покажа како среќен за Џака и Швајцарија. На социјалите мрежи веднаш започнаа со реакции дека Швајцарија остана на турнирот затоа што Џака пие „Кока-Кола“, а Роналдо е аут бидејќи не го сака овој пијалок.

Многумина коментираат и за тоа дека акциите на една од најпознатите светски компании повторно пораснаа гледајќи го Џака како пие „Кока-Кола“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести