Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, изјави дека целиот тим треба да биде многу горд за своето издание на натпреварот против Германија, кој заврши со резултат 1-1.
Германија беше на прагот на пораз, но Никлас Фулкруг го спаси првото место со гол за израмнување во судиското продолжение од мечот.
Швајцарците пропуштија да го победат домаќинот на ЕВРО 2024, но одличниот играч за врска вели дека тимот во целина одиграл многу добро.
„Погледнете како Германците го слават ова реми, се радуваат како мали деца. Треба да бидеме горди на нашето издание. Никогаш не е лесно да се игра против Германија. Сите на теренот игравме еден за друг, постојано си помагавме и се покривавме меѓусебно. Кога го правиме тоа, можеме да постигнеме големи работи. Треба да продолжиме да ги бараме границите на нашите можности”, изјави Гранит Џака.
Швајцарија го освои второто место во групата А со пет освоени бода.