Џампаоло добива отказ, но заменикот не е Спалети

Иако сè уште не е официјално, Марко Џампаоло повеќе не е тренер на Милан. Тоа го потврдија неколку познати италијански новинари кои бурно ја следат ситуацијата со гигантот од „Сан Сиро“. На негово место се очекува да пристигне Стефано Пиоли, поранешниот предводник на Фиорентина и Интер.

Уште еден екстренер на Нераѕурите се споменуваше како замена, Лучијано Спалети, но поради предвемениот прекин на соработката со Интер, Спалети не може да ги преземе Росонерите. Наскоро ќе се потврди и отказот на Џампаоло, како и ангажманот на Пиоли.

Слабите резултати на стартот од сезоната го доведоа Џампаоло до оваа неповолна ситуација. Милан освои само седум бода во седум кола во Серија А, а тимот претрпе четири порази. Иако услов за Џампаоло да си ја задржи работата беше триумф над Џенова, кој Милан и го оствари, на крајот се покажа дека ниту тоа не е доволно да остане на кормилото на седумкратниот европски првак.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1181489331665559553?s=19

- Оглас -

Најнови вести