16.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Џампаоло го чека многу работа во Милан

Смената на тренерската позиција не донесе многу новини во таборот на Милан по отворањето на новата сезона во Серија А. Росонерите го загубија првиот меч под водство на Марко Џампаоло, на гостувањето кај Удинезе, во дуелот кој ќе се памети како официјално деби за Илија Несторовски во дресот на Зебрите.

Минималниот резултат од 1-0 во корист на домаќините, значеше дека Милан ќе претрпи петти пораз на отворањето во изминативе осум сезони. Иако се очекуваа големи промени по заминувањето на Џенаро Гатузо, ниту новиот стратег не може веднаш да го претвори овој тим во фудбалска сила каква што некогаш беше Милан.

Особено потфрли нападот, кој се состоеше од Пјонтек, Кастилјехо и Сусо. Џампаоло се обиде со различна формација да се закани кон голот на Удинезе, но поставеноста на играчите не донесе никаков резултат бидејќи шпанските фудбалери играа надвор природните позиции. Пјонтек не дојде до посериозна шанса да упати удар во рамките, па Милан го заврши мечот без шут во рамките од голот на Мусо.

Катастрофалната статистика е доказ дека Џампаоло го чека уште многу работа да го врати седумкратниот европски првак на старите победнички патеки.

 

- Оглас -

Најнови вести