Нестор се врати во Серија А со славје над Милан (видео)

Удинезе го совлада Милан со минимални 1-0 во мечот кој значеше официјално деби на Илија Несторовски за Зебрите во Серија А. Македонскиот голгетер ги одигра последните дваесетина минути од дуелот на „Дачија арена“, а во игра влезе само неколку минути пред одлучувачкиот погодок на домаќините.

Несторовски го замени Фофана во 70-тата минута, а две минути подоцна Бекао ја затресе мрежата на Донарума. Иако посакувавме Нестор да се запише во листата стрелци уште во првиот првенствен меч за Удинезе, добро е што му тргна со три бода, а головите ќе дојдат во свое време.

- Оглас -

Најнови вести