Англискиот гигант Ливерпул од вчера и официјално има нов тренер, а тоа е Андони Ираола. Шпанскиот стратег ќе има задача да го врати Ливерпул на победнички патеки и повторно да се носат трофеи во витрините на „Енфилд роуд“.
По назначувањето на Ираола за нов менаџер на Ливерпул, веднаш започнаа шпекулациите околу можните нови засилувања во екипата. Информациите од Англија и од Германија најавуваат дека Црвените се заинтересирани да го доведат крилниот напаѓач Јан Диоманде од Лајпциг.
Младиот 19-годишен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска важи за еден од најталентираните во неговата генерација. Ливерпул веќе воспоставиле контакт со челниците на Лајпциг и се очекува во следниот период работата да биде многу поконкретна.
Диоманде минатата сезона одигра одлично во дресот на Лајпциг постигнувајќи 13 гола и девет асистенции во сите натпреварувања, па го привлече вниманието кај дел од европските гиганти. Во Лајпциг знаат дека имаат голем талент во своите редови и затоа не сакаат лесно да се откажат од Диоманде. Германскиот тим поставил цена од 120 милиони евра отштета за предвремен раскин на договорот.
Оваа сума од 120 милиони евра е висока, но Ливерпул, секако, има моќ да плати доколку сака да започне нова ера и да создаде тим за нови успеси.

