Џени Алм го постигна петтиот гол за Шведска во вистинско време на три секунди до крајот, а најефикасната ракометарка кај женската селекција на „Трите круни“ донесе драматична победа против Србија во меч на ЕП во Франција.
Швеѓанките славеа со 22:21 во второто коло од фазата по групи и сега имаат ист учинок како и Србинките, по една победа и пораз.
Данска е лидер со максимален учинок по триумфот над Полска со 28:21.
Во меч од групата Б и во нова драма, овојпат во Нанси, Русија ја победи Црна Гора со 24:23. Самокина со 7 голови беше најефикасна кај Русинките, а Манагарова имаше еден прецизен удар помалку.
Јауковиќ кај Црна Гора постигна 12 фантастични погодоци, но не можеше сама да им се спротивстави на Русинките, кои имаат максимален учинок по две кола. Франција ја победи Словенија со 30:21 и е на втората позиција со Црна Гора со по два бода. Словенија е последна без бодови.