Џенова го „шутна“ Шевченко по само два месеци во клубот

Андри Шевченко не е повеќе тренер на Џенова, откако раководството на овој тим одлучи да ја прекине соработката со него.

По само два изминати месеци на клупата на овој тим, Украинецот имаше само три освоени бодови во Серија А, со што се продлабочи кризата која и онака веќе беше во овој тим.

Горан Пандев и соиграчите имаат само 12 освоени бодови и се на претпоследното место во Серија А, додека во наредното коло за два дена ќе играат против одличната Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести