Џенова не смее да загуби

1710 Лион – ПСЖ (20.45 часот)

Иако разликата во бодови е огромна, ПСЖ има 22 повеќе од Лион, сепак ова е дерби во кое домашните не смее да бидат отпишани. Лион има серија од три нерешени резултати по ред, а Светците од четирите последните средби, дури трипати ремизираа, што за нив се киксеви. Кај ПСЖ ќе ги нема Нејмар, Меси, Ди Марија, Донарума, Хакими, а кај Лион најмногу ќе фалат Слимани и Токо Екамби кои имаат репрезентативни обврски. Лион не победил дома уште од 30-ти октомври, а и ПСЖ од октомври не загубил на гости во лигата.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.05)

 

3618 Рома – Јувентус (18.30 часот)

Сезонава мечевите на Рома се поефикасни од тие на Јуве, па на хартија, домашните се тие на кои повеќе им одговара ефикасен дуел. Старата дама во моментов има само три бода повеќе од Волчицата. Рома има повеќе проблеми околу составот, кај Јувентус единствен проблем е отсуството на Бонучи. Јуве има серија од девет лигашки мечеви по ред со 0-2 гола, а победи со 2-0 на гостувањето на „Олимпико“ кај Лацио. Можеби и Мурињо и Алегри би биле задоволни со реми, а и последниот дуел на овие два тима во Рим заврши нерешено.

Предлог тип: Х (3.25)

 

3621 Интер – Лацио (20.45 часот)

Интер секако ќе бде лидер на табелата после ова коло, но ако победи, ќе оди на плус четири пред Милан. Интер има дадено 49 гола на 19 меча, а лацијалите не може да се пофалат со цврста одбрана, па ќе бидат на мака, но нападот им е силно оружје, имаат три меча по ред со три дадени голови, па Интер ако сака да победи, веројатно ќе мора да даде барем два гола. Чалханоглу поради коронавирус нема да игра за Нераѕурите. Интер во последните месец и пол реди само победи во Серија А. Есеноска во Рим беше 3-1 за Лацио.

Предлог тип: 3+ (1.52)

 

3619 Џенова – Специја (18.30 часот)

За Џенова која грчевито се бори за опстанок, ова е меч кој не смее да го загуби, бидејќи Специја не е многу над нив и практично им е директен ривал. Пандев и другарите имаат само една победа сезонава, а Специја има четири, но Специја има само четири бода повеќе од вечерашниот ривал. Џенова има дури девет ремија на 20 меча. Кај Џенова ќе ги нема Кришито и Максимовиќ. Овие тимови четири пати се сретнале на „Луиџи Ферарис“, и никогаш не било нерешено.

Предлог тип: & 0-3 (1.70)

 

1364 Вилјареал – Атлетико Мадрид (21.00 часот)

Вилјареал има четири победи по ред, и новата 2022 година ја почна со победа од 5-0, а Атлетико во минатото коло ја запре низата од четири порази. Атлетико е шести, и има четири бода повеќе од Вилјареал. Добра вест за Жолтата подмирница е што кај Јорганџиите ќе ги нема Суарес и Гризман, како и Хименес и Савиќ. Во првиот дел од сезоната во Мадрид беше 2-2, Атлетико се спаси од пораз во 95-та минута. Вилјареал и Атлетико во претходните три сезони на „Ла Керамика“ играа мечеви со 0-2 гола и домашните не успеваа да победат, последната нивна радост беше во ефикасен меч.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.11)

- Оглас -

Најнови вести