Џенова нема да го избрка Шевченко дури и ако испаднат во Серија Б

Украински медиуми објавија детали од договорот на Андриј Шевченко со Џенова, и наводно паднал договор Украинецот да остане во клубот дури и ако Џенова сезонава испадне во Серија Б. Но, ако ги спаси, за следната сезона би му се донеле засилувања кои сам ќе ги побара, и ќе треба да ја однесе Џенова во борба за излез во Европа.

Договорот на Шевченко е до 30-ти јуни 2024 година. Кандидат за тренер бил и Андреа Пирло, но на крај изборот паднал на Шева, кој тимот го преземе во момент кога има само 9 бода од 12 меча и се наоѓа на 18-то место во лигата во која има 20 тима. Ако му тргне и направи чудо, Шевченко уште сезонава може да ја однесе Џенова во европските купови, бидејќи заостанува 9 бода, што не е недостижно.

Дебито на Шевченко ќе биде на 21-ви ноември против Рома, на чија клупа е Специјалниот Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести