Џенова со мајсторската петица на Дестро дојде до нов вреден бод (ВИДЕО)

Горан Пандев и Џенова одиграа 1:1 на гостувањето кај Сасуоло во рамките на 20-то коло од италијанската Серија А.

Тимот од Џенова поведе одличниот погодок на Матија Дестро со петица во седмата минута, додека Сасуоло израмни преку Доменико Берарди во 55-та минута.

Горан Пандев, пак, влезе во 75-та минута, но, не успеа да му помогне на својот тим да запише победа.

Сепак, и ова е добар знак за Џенова, бидејќи останува непоразена на два натпревари по ред и сега има 12 бодови но и понатаму ќе остане во зоната за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести