Џентлменски потег на Лестер: Го нудат Слимани на Кардиф како замена за Сала

Трагедија во спортот често ги спојува луѓето кои страдаат и оние кои сакаат да помогнат, а исчезнувањето на Емилијано Сала ја спои цела фудбалска Европа. Потрагата за Аргентинецот кој требаше да биде рекордно засилување на Кардиф е прекината, нема надеж дека е жив, а велшкиот клуб остана без пари и без напаѓач.

Сумата од 17 милиони евра мора да биде исплатена на Нант, иако Сала никогаш не заигра за „сините птици“, а клубот нема ниту време ниту средства за ново засилување. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот, во пресрет им излезе Лестер, англискиот првак од сезоната 2015/16 се покажа како вистински џентлменски клуб.

Имено, „лисиците“ го нудат Ислам Слимани на Крдиф како привремена солуција за нападот, а воедно да го пополнат местото кое беше резервирано за Сала. Слимани моментално игра за Фенербахче како позајмен фудбалер, но може да се врати во Премиер лигата само доколку Кардиф го прифати овој гест.

Лестер исто така се опоравува од хеликоптерската несреќа во која животот го загуби сопственикот на клубот Вишај Шриваданапраба, како и уште четири лица кои беа во хеликоптерот, па разбираат дека нивниот ривал од англискиот шампионат поминува низ тежок период.

Прекрасен и пред сѐ џентлменски гест на Лестер, останува да се види дали Кардиф ќе прифати ваква „донација“.

- Оглас -

Најнови вести