Џердан Шаќири не отпатува за Белград!

Џердан Шаќири го нема на листата од 21 фудбалер на Ливерпул кои ќе бидат во комбинација за настап на гостувањето кај Црвена ѕвезда. Швајцарецот роден во Косово ги испровоцира Србите на Светското првенство, беше најомразена личност кај нашиот северен сосед, па за да се избегнат непријатности, тој ќе остане дома и нема да оди во Белград.

Тренерот Јирген Клоп сака фудбалот да биде пред политиката.

„Знаеме сите што се случува. Тој би наишол на жесток дочек и не сакам да размислувам што би се случило. Шаќири е наш играч, го сакаме и ќе игра уште многу пати за нас, но не и утре. Сакам мојот тим да биде 100 проценти фокусиран на фудбалот. Публиката во Белград е фантастична, градот е прекрасен, одиме да играме фудбал, ништо друго“, изјави Клоп.

Освен Шаќири, во Ливепрул ќе го нема ниту Џордан Хендерсон, но во конкуренција ќе бидат Дејан Ловрен и Наби Кејта, кои закрепнаа од повредите.

- Оглас -

Најнови вести