Вчера се одиграа осум, а за денеска останаа уште пет парови од основната 13-ка на Спортска прогноза, а ако верувате во типувањето на мнозинството играчи кои ги има во голем број, по нивен вкус може да се состави богат неделен тикет бидејќи сите квоти се над 2.00.
Возбудувањата ќе започнат од 14 часот кога ќе играат Рајо Ваљекано и Реал Сосиедад. Кај овој меч, по 26 проценти мислат дека ќе победат домашните или гостите, а најмногу, 47,3 отсто прогнозирале дека ќе биде нерешено.
За победа на Стразбур на гости над Лориен се изјасниле 54,4 отсто. Во победа на Овиедо против Елче веруваат 63,4 проценти од прогнозерите.
Кај Осасуна – Севилја, 43 отсто мислат дека ќе триумфираат доманите, а околу една третина чекаат да биде реми.
За дербито Милан – Јувентус, само 19 проценти од играчите на Спортска прогноза сметаат дека ќе победи Старата дама, а речиси половината, 45,4 отсто типувале на нерешено.
Доколку се земат во предвид прогнозите за кои има над 40 проценти, замислениот денешен тикет по вкусот на мнозинството прогнозери изгледа вака:
1361 Рајо Ваљекано – Реал Сосиедад Х
1705 Лориен – Стразбур 2
1362 Овиедо – Елче 1
1363 Осасуна – Севилја 1
3008 Милан – Јувентус Х

