Лудост: Клубови од Саудиска Арабија на Рафиња му нудат плата од 48 милиони евра

Бразилската фудбалска ѕвезда Рафиња имаше одлична сезона во дресот на Барселона и беше еден од најзаслужните што шампионскиот трофеј пристигна на „Камп ноу“. Токму затоа, Рафиња стана цел на многу клубови, иако уште има активен договор со каталонскиот гигант.

Според пишувањата, клубовите од Саудиска Арабија се подготвени по секоја цена да го „украдат“ Рафиња од Барселона. Се истакнуваат Ал-Наср и Ал-Хилал, кои нема да жалат пари за Бразилецот. Се проценува дека клубовите од Саудиска Арабија се подготовени на Рафиња да му платат 48 милиони евра по сезона, што е четирипати повеќе од сегашните 12 милиони кои фудбалерот ги добива во Барселона.

Зад двата клуба во Саудиска Арабија стои саудискиот државен инвестициски фонд (ПИФ), кој се надева дека може да го убеди Рафиња за еден ваков трансфер. Доколку се случи такво нешто, Барселона би добила трансфер оштета од 80 милиони евра.

Рафиња минатото лето одби понуда да замине во Саудиска Арабија и тогаш рече дека понудата финансиски била многу голема: „Имаше примамливи понуди од Саудиска Арабија. Тоа не би го променил само мојот живот, туку и животот на моите родители, на мојот син и на многу други. Јасно е дека сум размислувал за заминување од Барселона.“

Во последните две сезони во дресот на Барселона, Рафиња има биланс од 34 голови и 23 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести