Џон Вол му се одмазди на клубот во кој играше цела кариера, а им стана непотребен

Хјустон рокетс го совлада Вашингтон визардс со 107-88 во меч од НБА-лигата, на кој очите на јавноста беа вперени кон бекот Џон Вол, кој во декември стана член на Ракетите (го трампаа за Расел Вестбрук) откако пред тоа целата деветгодишна кариера ја мина во Визардс. Вол лично го сфати овој дуел против Волшебниците и беше среќен што ги победи и што придонесе со 24 поени.

„Почувствував дека во тој клуб помислија дека сум готов. Не им беше важно колку тренирав преку летото, мислеа дека веќе не сум добар играч. Затоа морав да го направам ова што го направив. Не сакам да играм за тим во кој не ме сакаат. Во Хјустон уште од првиот ден се чувствувам сакан и добредојден, веруваат во мене“, изјави Вол по третата победа на Рокетс. Вол своето прво гостување во Вашингтон ќе го има на 15 февруари.

Тре Јанг е незапирлив, со 38 поени беше најзаслужен за победата на Атланта над ЛА клиперс од 108-99. Јанг на трет меч по ред дава барем 38 поени. Јута беше подобра од Њујорк со 108-94, а најрасположен беше Руди Гобер со 18 поени, 19 скока и четири блокади. Џезерите имаат девет победи едноподруго.

- Оглас -

Најнови вести