Џошуа боксуваше како во најдобрите денови, малку фалеше да се случи хаос (Видео)

Британскиот боксер Ентони Џошуа со едногласна одлука на судиите стигна до победа над Џермејн Френклин, за голема радост на домашните фанови во Лондон. Едниот судија му даде предност од 118:111 на Џошуа, додека останатите двајца беа идентични и гласаа 117:111 за Британецот.

Некогашниот шампион во тешка категорија во овој меч влезе по два порази од Олександер Усик, но на овој меч против Френклин од првата рунда покажа дека е подготвен да победи. Џошуа максимално ја користеше предноста во висина и најчесто со предни директи го отвораше гардот на противникот.

На крајот од четвртата рунда фајтерски влегоа двајцата боксери кои си зададоа по неколку удари, а возбудливо беше и во следните рунди.

Малку фалеше овој меч да има и неочекуван фајт, кога двајцата боксери беа во клинч, а потоа реагираше тренерот на Френклин и за малку ќе се случеше хаос, но реагираа повеќе луѓе.

За Џошуа ова беше 25-та победа во 28 меч и сигурно сега повторно ќе се обиде да стигне до тронот во тешка категорија. Американскиот боксер го претрпе само вториот пораз, а има 21 победа.

 

- Оглас -

Најнови вести