Џовани Симеоне: Навивам за Атлетико, сон ми е да му дадам гол на Реал!

Аргентинскиот напаѓач Џовани Симеоне има посебни мотиви пред вечерашното гостување на неговиот Наполи против Реал Мадрид.

Синот на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, посакува да постигне гол на „Сантијаго Бернабеу“. Популарниот Чолито не играше викендов против Аталанта и се надева дека вечерва ќе се најде во составот на Наполи.

„Ова е важен меч, особено за мене, за сите нас од семејството Симеоне, мечевите со Реал се специјални. Мене Атлетико ми е во срцето, голем фан сум на клубот, би било исполнување на сон ако дадам гол против Реал во Мадрид. Гол и победа против Реал е нешто што за што ќе им раскажувам на децата“, вели Симеоне.

- Оглас -

Најнови вести