Јувентус се намачи вечерва за да дојде до три бода на гостувањето кај Калјари и победа од 2-1.
Домашните поведоа рано со погодок на Жоао Педро, на Јуве му беа поништени два гола, но Де Лихт изедначи, а во 75-та минута Влаховиќ даде гол за пресврт и победа.
Асистент при вториот гол на Старата дама беше Дибала, а на Аргентинецот и Србинот овој гол многу им значеше, што можеше да се види и додека прославуваа, кога не можеа да ги запрат солзите.
https://twitter.com/i/status/1512888314961207299