Дибала конечно ја издрибла короната – По четири позитивни, последниот тест му е негативен

Пауло Дибала конечно е потполно здрав и нема симптоми на корона-вирус, објавија од Јувентус. Веста дека по четири позитивни тестови и многу неизвесност за здравјето на еден од најдобрите офанзивци на планетата е минато ја потврди и самиот Дибала.

„Моето лице кажува сè. Конечно сум излекуван од ковид-19“, објави Аргентинецот на „Инстаграм“. Дибала и неговата девојка Оријана минаа низ тежок период, а десетката на Јувентус постојано се мачеше со корона-вирусот.

Му направија четири тестови и сите беа позитивни, па се стравуваше и од сериозни проблеми по здравјето на офанзивецот на Старата дама.

„Чувствував малаксаност и не можев да се изборам со симптомите што ги имав. Кога спиев чувствував студ, а имав и грозница. Се надевам дека ќе биде добро и дека наскоро ќе се вратам на терен“, изјави неодамна Дибала.

Сега конечно за него периодот на самоизолација од месец и половина е минато. Пауло ќе може полека да им се приклучи на играчите на Јувентус на стартните тренинзи по пандемијата со корона-вирус и како подготовка за евентуалното продолжение на Серија А.

- Оглас -

Најнови вести