Дибала налето бесплатно ќе замине во Барселона

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала, има договор со Јувентус кој му истекува на крајот од сезонава, а потоа е слободен играч. Италијанскиот тим сака да го задржи Аргентинецот и му нуди осум милиони евра по сезона, плус два до три милиони бонуси, но постои услов во кој менаџерот на фудбалерот треба да се откаже од дел од провизијата, што е невозможно.

Токму затоа, Дибала е во потрага по нов клуб, каде што би заминал бесплатно на крајот од сезоната. Најголема е веројатноста во летниот преоден рок тој да пристигне на „Камп ноу“ и да работи под палката на Чави Ернандес.

Дибала во Италија дојде пред 10 години, кога потпиша за Палермо, а во Јувентус пристигна во 2015 година за трансфер вреден 41 милион евра. Во 281 меч за Старата дама, Аргентинецот има постигнато 112 голови, а освои и 12 трофеи, од кои пет се во првенството на Италија.

- Оглас -

Најнови вести