Тимур Дибиров беше незадржлив за германската одбрана и со 8 погодоци беше главен креатор на изненадувачкото реми за Русија против домаќинот на Мундијалот, Германија. Мечот заврши нерешено 22:22, а Русите во финишот успеаја да анулираат два гола негатива и освоија многу важен бод против фаворитот.
И споредниот дуел, тој на двајцата најдобри стрелеци во двете екипи, заврши нерешено, 8:8, меѓу двете извонредни крила Тимур Дибиров и Уве Генсхајмер. И Германецот блескаше, но неговата селекција испушти победа во финишот, по двете победи во двете стартни кола.
Од 18 часот, покрај овој меч, играа и Македонија и Хрватска, а „коцкестите“ славеа со 31:22 и Египет ја победи Аргентина со 22:20.