Диего Коста призна дека затаил 1,1 милион евра

Напаѓачот на Атлетико Мадрид Диего Коста, призна дека е виновен за затајување данок во вредност од 1,1 милион евра. Коста денес беше во Судот во Мадрид каде што ја призна вината, па и тој ќе плати компензација за да избегне затворска казна од шест месеци, како што направија и други фудбалски ѕвезди во изминативе години како Кристијано Роналдо, Лука Модриќ, Лионел Меси, а и Жозе Мурињо.

Коста уште минатиот месец ги исплатил предвидените 1,1 милион евра на даночната управа во Шпанија, сума која избегнал да ја плати во 2014 година, за што го чека дополнителна парична казна од 600.000 евра.

При реализирањето на трансферот од Атлетико во Челзи во 2014 година, Коста најмногу затаил откако потпишал спонзорски договор со Адидас, околу 800.000 евра.

 

- Оглас -

Најнови вести