Во подкастот на Џон Оби Микел, некогашниот шпански напаѓач Диего Коста се потсети на времето поминато во Челзи и на односот со менаџерот Антонио Конте, а за него говореше без недостаток на остри зборови.
Поранешниот напаѓач на Сините одигра клучна улога во освојувањето на титулата во Премиер лигата во сезоната 2016/17. Постигна 20 гола, но само една година подоцна Конте му кажа дека повеќе не е во неговите планови, што доведе до враќање на напаѓачот во Атлетико Мадрид.
„Не е нормално тренер да не се потпира на својот најдобар стрелец. Објаснив дека не заслужувам таков третман по мојот придонес во успесите на Челзи“, сподели Коста.
Критиките на Бразилецот кон Конте не запреа тука, тој ги доведе во прашање не само професионалните, туку и човечките квалитети на Конте.
„Како личност, тој е најлошото нешто што може да го имате секојдневно. Не им верува на другите. Мисли дека знае сè. Не уживате во тренингот со него. Постојано е лут, изгледа намќорест, полн е со горчина. Веројатно немал доволно секс дома“, додаде Коста.
Коста признава дека разделбата со Челзи била болна, бидејќи се чувствувал исклучително добро во клубот и во соблекувалната, но одлучил да не го продлабочува конфликтот.

