Диего Коста за Луис Суарес: Таман се вратив, а копи*ето даде два гола

Атлетико Мадрид дефинитивно го има најконтроверзното напаѓаќко дуо, Луис Суарес и Диего Коста. Двајцата се познати како фудбалери со менирен темперамент. Суарес е познат по тоа што знае дури и да гризе на теренот, а Коста не ретко знае и да се тепа.

Сепак, двајцата во комбинација се одличен тандем за Атлетико, а тоа се гледа и по табелата во Примера дивисион, каде Јорганџиите се лидери со 29 бодови од 12 меча. На вчерашниот меч против Елче, Атлетико победи со 3:1, а Суарес даде два гола, додека Коста еднаш беше прецизен и тоа од пенал.

По завршување на средбата, Коста кој до скоро време беше повреден, а сега се врати со погодок, имаше помалку чудна изјава, но голгетерот на крајот покажа дека само се шегува.

„Додека ме немаше на терен, Суарес немаше дадено гол на неколку меча. Сега, кога се вратив, копи*ето даде два гола. Многу сум среќен за него“, рече Коста по победата против Елче.

Суарес сезонава даде вкупно седум гола, додека Коста само два пати беше прецизен во првенството сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести